АЦМС

МАКСИМАЛНА

ОШТЕТА

ОД СООБРАЌАЈКА

Дознај ги твоите права и обврски во случај на собраќајна незгода.

Пресметка за оштета

Вашите податоци се сигурни со нас

Доколку сте биле повредени ние ќе ви помогнеме


Автомобилски несреќи

Ние имаме долгогодишно искуство во заштитата на правата на жртвите повредени во автомобилска несреќа во целата област. Имаме финансиски средства за да застанеме во одбрана на нашите клиенти со било кој носител на осигурување или корпорација.

Јавни повреди

Нашиот тим има разрешено голем број на случаи кои ги вклучуваат и небезбедните услови на јавна сопственост и ќе ви помогнат при секој чекор во текот на целиот процес.

Надоместок за вработените

Повредениот работник никогаш не треба да докажува дека работодавецот бил неодговорен или направил нешто што директно предизвикало повреда за време на работата.

Ненамерна смрт

За да се осигура дека загубата не резултира со голем финансиски стрес за преживеаните и членовите на семејството, важно е да се преземат правни мерки.

Бесплатен телефон за контакт:

075 400 600

Јави ни се во случај на незгода или несреќен случај

Наши клиенти

Марјан Стојановски

Во текот на 2014 година како патник во возило кое претрпи сообраќајна незгода со мојата другарка поднесовме барање за надомест на штета до осигурителната компанија.Јас веднаш ве контактирав и добив јасни насоки кој и ги пренесов но таа постапи по нејзино сопствено убдување и постапката ја водеше сама.Повредите ни беа исти и тоа мал потрес на мозокот и неколку гребаници по рацете.Јас успеав да земам оштета во износ од дури 5 пати повисок од неа.Можам да кажам дека сум презадоволнен и ве препорачувам на сите !П.С од парите кој ги добив од минималното оштетување си купив автомобил.

Тео Миладиновски

Од страна на осигурувањето добив одговор дека повредите кој ги има претрпено во сообраќајна незгода не ме следува паричен надоместок.Веднаш потоа еден мој близок пријател ми кажа за вас ,по што ве контактирав и добив корисни информации за тоа што треба да направам.Во целост постапив како што ми беше укажано и добив оштета колку шест мој месечни плати.

Кристина Тодорова

Мојот татко кој е земјоделец ,претрпи штета на неговите поседи и неколку месеци беше во процедура на увид ,проценка од страна на осигурителната компанија каде што му беа осигурани.На крај беше одбиено неговото барање.Јас уште на почетокот му кажав за вас но тој беше скептик но одкако беше одбиен одлучи да ве контактира.Од ваша страна доби јасни насоки како да постапи и по само неколку дена успеа во целост да му ја покријат штетата ( дури и повеќе од реално настанатата )

Често поставувани прашања

Q

A

Што претставува нематеријална штета?

Нематеријалната штета, согласно Законот за облигационите односи, претставува штета предизвикана со повреда на личните права. Како лични права, во смисла на овој закон, се подразбираат правата на живот, телесно и душевно здравје, чест, углед, достоинство, лично име, приватност на личниот и семејниот живот, слобода, интелектуално творештво и други лични права. Правните лица ги имаат сите наведени лични права, освен оние кои се врзани за биолошката суштина на физичкото лице, а особено правата на добар глас и углед, назив односно фирма, деловна тајна, слобода на претприемништво и други лични права на овие лица.

Q

A

Кои лица имаат право да бараат надомест на нематеријална штета?

Право да бара надомест на нематеријална штета има: а) Секое физичко и секое правно лице чии лични права се повредени и кое како резултат на таквата повреда претрпело нематеријална штета. б)Секое правно лице чии лични права се повредени и кое како резултат на таквата повреда претрпело нематеријална штета. в) Во случај на смрт или тежок инвалидитет на некое лице – членовите на неговото потесно семејство (брачениот другар, децата и родителите), како и браќата и сестрите, дедовците и бабите, внуците и вонбрачниот другар, доколку помеѓу нив и умреното, односно повреденото лице постоела потрајна животна заедница. г) Родителите, во случај на загуба на зачнатото, а неродено дете. д) Лицето спрема кое со измама, со принуда или со злоупотреба на некој однос на потчинетост или зависност е извршено некое кривично дело против половата слобода и половиот морал.

Q

A

Како се надоместува нематеријалната штета?

Нематеријалната штета се надоместува нематеријално (нематеријална сатисфакција) и материјално (материјална сатисфакција). Нематеријална сатисфакција Нематеријалната сатисфакција судот ја досудува тогаш кога смета дека со досудувањето може да се оствари истата цел која би се остварила и во случај на досудување на справедлив паричен надоместок. Ваквата сатисфакција се досудува во вид на објавување на пресудата, односно објавување на исправката, повлекување на изјавата со која е сторена повредата или нешто друго со што може да се оствари целта која се постигнува со справедливиот паричен надоместок. Материјална сатисфакција Во случај на повреда на личните права (правата на живот, телесно и душевно здравје, чест, углед, достоинство, лично име, приватност на личниот и семејниот живот, слобода, интелектуално творештво и други лични прав) , ако судот најде дека тежината на повредата и околностите на случајот го оправдуваат тоа, досудува справедлив паричен надоместок, независно од надоместокот на материјалната штета, како и во нејзино отсуство. При одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок судот води сметка: – за силината и траењето на повредата со која биле предизвикани физичките болки, душевните болки и стравот, а врз основа на наод и мислење од вешто лице, – за целта за која служи надоместокот и – за тоа надоместокот да не е во спротивност со стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествената цел. За повреда на правото на углед и другите лични права на правните лица судот, ако најде дека тежината на повредата и околностите на случајот го оправдуваат тоа, ќе досуди справедлив паричен надоместок, независно од материјалната штета, како и во нејзино отсуство. Доколку, според редовниот тек на настаните, извесно e дека нематеријалната штета ќе трае и во иднина, судот, на барање на оштетениот, може да досуди и справедлив паричен надоместок за идна нематеријална штета.

Q

A

Што претставува осигувувањето?

Осигурувањето е однос којшто настанува врз основа на договор или закон, во којшто едната страна, осигурител, ја презема обврската дека на другата страна, осигуреникот, или на третото лице во чија корист се склучува осигурувањето ќе ја надомести штетата кај осигурувањето на имот, односно да ја исплати договорената сума на пари кај осигурувањето на лица, во случај да настапи предвидениот настан (осигурен настан), а под услов осигурениот да му уплатува определен износ на премија во предвидениот временски период. Осигурувањето всушност им овозможува економска заштита на осигурените (правни и физички) лица од штетните дејствија и економските пореметувања до кои доаѓа кога ќе настане осигурениот настан, односно кога ќе се оствари ризикот во сите фази на општествената репродукција или во секојдневниот живот на луѓето.

Q

A

Кој се учесници во постапката за надомест на штета?

– Одговорно друштво за осигурување –друштвото на осигурување со кое сопственикот на превозното средство со чија употреба е причинета незгодата,склучил договор за задолжително сигурување.(чл. 2 ст.4 , ЗЗОС) – Корисник на осигурување-лице кое има право на надомст од задолжителното осигурување во сообраќајот.(чл. 2 ст.9 , ЗЗОС) – Оштетено лице – лице кое претрпело штета од употреба на превозно средство .(чл. 2 ст.10 , ЗЗОС)